Екипата на Мега Баскет од Прилеп, вчера во рамките од седмото коло од Третата лига гостуваше кај екипата на КК АЛБЕС од Скопје.
После поразот од Работнички 2018 во Прилеп минатата недела, прилепчани запишаа нова победа (75-84).
Мега Баскет се први на табелата со 5 победи и еден пораз, но Работнички има натпревар помалку.
Прилепската екипа прави напори после долги години да ја оживее кошарката во градот под Mарковите Кули, па затоа ја заслужуваат целата поддршка, особено на натпреварите на домашен терен.