Кога локалната самоуправа нема абер да ги пополни, тогаш граѓаните ќе донираат по една лопата цемент и ќе се реши горливиот проблем со кратери низ прилепските улици.
На таков потег се решиле жителите на улица “Петта прилепска бригада”, па длабоките дупки започнале да ги пополнуваат со цемент и песок.
Пред извесно време властите овој проблем го решаваа со поплочување со бекатон плочки и тампон, но “проектот” издржа кратко време.