Прилепчани се обединија за еден ден! Во петок во “БРОС”, голем хуманитарен концерт за младиот ВИКТОР од Прилеп, чиј живот мораме да го спасиме!

Драги пријатели, Виктор Николоски е 26-годишен млад човек од Прилеп, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.

Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција.

Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.

Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе.

Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина!

Од срце, Ви благодараме! Александра Николоска ( сопруга на Виктор)

Линк за донација во продолжение:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomosh-za-viktor-mlada-nadej-sto-se-bori-za-jivot?fbclid=IwY2xjawIEiqNleHRuA2FlbQIxMQABHcGlkwcr15BtBm4yy7ekksMspbBicXJmPQFMhbvFNkh7-M9ZLC6f6lCjhA_aem_q4FX321in0ggfW-DFFR0AQ

За Виктор денеска се сплотија голем број угостителски објекти во Прилеп, кои во наредните денови ќе организираат низа настани и промоции, за што побрзо да се соберат неопходните средства за негово лекување.

Голем хуманитарен концерт ќе се одржи и во Bros’ Burgers & Bar каде во петок, 31.01.2024год., со почеток од 21:00 часот, ќе настапат THE HOUNDS, Cyrillic, Диџеј Jove, Диџеј MARTIN KAY и диџеј FREEKY.

Влезниците се по цена од 100 денари!

За животот на ВИКТОР да се обединиме сите заедно! Во ПЕТОК СИТЕ ВО БРОС!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.