Прилепчани сакале да го украдат купеното во маркет, па платиле десеткратно повеќе

Двајца прилепчани кои викендов се обиделе да украдат производи во вредност од околу 3 000 денари од локален маркет биле фатени на излез од објектот. Потоа настанал инцидент во кој морало да интервенира обезбедувањето, но и полицијата – дознава порталот “Инфокомпас”.

Во саботата претпладне на обезбедувањето од страна на вработените биле пријавени две лица кои се обиделе да украдат производи во вредност од 3.000 денари. Во договор со одговорниот на маркетот, откако им биле земени лични податоци, на едно од задржаните лица му било дозволено да го напушти маркетот за да донесе пари и продуктите да се платат десеткратно.

Но, при наплатата настанал проблем бидејќи лицата побарале да им се издаде сметка. Во маркетот во тие моменти снемало струја, па продавачите не можеле да им издадат фискална сметка поради што настанала жестока расправија. На крајот случајот бил пријавен во полиција.

Извор: “Инфокомпас”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.