Прилепчани приредија забава ипол во Сиднеј: Стотици нашинци се забавуваа со убава македонска песна на “Прилепска вечер” (ВИДЕО)

Во организација на македонското друштво “Методија Андонов-Ченто” од Сиднеј, вчера во спортскиот центар “Илинден” се одржа прилепска вечер, на која присуствуваа голем број наши иселеници.

За убавата македонска песна беа задолжени од групата “Аrt Plaza”, како и гостите од Прилеп: Оливер Лозаноски, Гордана Костоска и Ицко Ѓорѓиовски.

“Прилепската вечер” е традиционална веселба која се организира секоја година по повод 11-ти Октомври, но се чини оваа година посетеноста беше најголема.

Нашите прилепчани истакнаа дека се презадоволни од пречекот и организацијата од македонските иселеници, и дека нашинците во Австралија знаат како да прославуваат и да се забавуваат.

Во продолжение погледнете од атмосферата:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.