Вчера во Скопје во СЦ “Борис Трајковски”, екипата на Младост96 извојува две убедливи победи.
Во дерби натпреварот на сезоната во 11-то коло со екипата на Телеком Нец, прилепчани забележаа победа со убедливи 4-2 и го презедоа врвот на табелата во Супер лигата.
Одлични партии на Борчиќ, кој извојува две победи, Стомнароски со една победа, и до сега најдобриот настап на Костовски, кој имаше одлична можност да го совлада непобедливиот досега Миленковиќ, но на крајот победа за противничкиот играч од 3-2. Во решавачкиот поен Косовски, пак беше убедлив против Жоговски со 3-0, за конечни 4-2.
Во 12-то коло, прилепчани забележаа убедлива победа против последнопласираната екипа на Кочани со 4-0. Младинецот Лука Огненоски извојува победа, и со победите на Борчиќ и Стомнароски ППК Младост 96 викендот го заокружува со прво место на табелата и со надеж враќање на титулата.