Прилепчани победија на клучното гостување, следува натпревар за прво место

Ракометарите на РК Прилеп ја забележаа деветтата победа во плеј-аут сегментот на Супер лигата.

На гостински терен го победија Младост 1977 од Богданци со резултат 33-37 (12-21 на полувремето).

Ова беше важна победа за прилепчани пред последниот натпревар од сезоната, кој на 03.06 го играат против Тиквеш на домашен терен.

За прилепчани денеска во Богданци најрасположени беа Грузијците Чантурија и Рустамов кои постигнаа дури 18 погодоци. Чантурија прецизно стрелаше 8 пати, а Рустамов стигна до 10 погодоци.

Покрај нив Шокоски Давор постигна 4, а Андоноски Даниел 5 погодоци.

Кај домаќините Никола Димитров стигна до бројка од 9 погодоци на натпреварот.

Пред последниот натпревар против ГРК Тиквеш, кој ќе биде натпревар за првото место и сигурен опстанок во најелитното ракометно друштво, состојбата на табелата е следна:

Во прилог на прилепчани денеска им беше и поразот на Голден Арт – КЛ 7 од РК Радовиш (23-24), кои пред ова коло имаа ист број бодови како РК Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.