Утрово екипа од Општина Прилеп интервенирала на отстранување на скелиња за сушење тутун, поставени на тротоарните површини пред Тутунскиот комбинат.
Не е познато колку тутунопроизводители останале без своите скелиња кои биле поставени на јавна површина, но граѓаните биле бесни на оваа акција.
Oд Општина Прилеп нема објавено известување за оваа акција.
За време додека траела акцијата, тутунопрозиводители го носеле својот род во откупниот пункт во комбинатот.
Скелињата биле превезувани со трактор на ЈКП “Комуналец” Прилеп.