Прилепчани ЗНААТ, прилепчани препознаваат чесна намера! ЗНАМ меѓу граѓаните во центарот на градот (ФОТО)

Прилепчани знаат, прилепчани препознаваат чесна намера и чесни и честити луѓе, велат од Движењето ЗНАМ за наша Македонија, по денешните разговори и средби со граѓаните во центарот на градот.

Кандидатите за советници за Советот на општина Прилеп, денеска ги запознаваа граѓаните со нивните програмски приоритети за поубав град, проекти кои ќе влезат во програмската агенда на идната локална власт.

Од прилепскиот огранок на ЗНАМ велат дека се задоволни од контактот со граѓаните, од кои добиваат голема поддршка. Граѓаните сакаат нови луѓе во Советот и бараат политичка борба со проекти.

Советничката листа на ЗНАМ за наша Македонија за Прилеп нуди народни луѓе, луѓе кои се и ќе бидат меѓу граѓаните, кои ќе слушаат, реагираат, ќе нудат решенија и ќе бидат коректор на власта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.