Прилепчани за новогодишната ноќ останаа дома: На плоштад едвај неколку стотина граѓани (Фото)

ФОТО: www.prilep.gov.mk

Рекордно ниска посетеност на новогодишната прослава која ја организираше Општина Прилеп на градскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто”.

Плоштадот каде некогаш се собираа повеќе илјади граѓани, ноќта на 31 декември имаше едвај неколку стотини луѓе.

На плоштадот присутни беа пратениците од СДСМ во Собранието, Хари Локвенец и Кети Смилеска, а се обрати и градоначалникот Илија Јованоски.

Иако температурите беа идеални, прилепчани не се решија да прославуваат во центарот на градот.

Многу мал дел од локалите и рестораните во градот организираа новогодишни прослави, но и покрај тоа граѓаните не се решија плоштадот да биде нивни новогодишен подиум.

ФОТО: www.prilep.gov.mk

Еве како изгледаа прославите на градскиот плоштад низ годините:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.