Прилепчани доминираат во репрезентацијата до 19 години, во составот е и тренерот Ице Соколески

Младинската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 19ч, во СЦ “Биљанини Извори” во Охрид, го игра првиот од планираните четири контролни натпревари со Италија.

Во оваа селекција на селекторот Лазаров се наоѓаат 5 играчи од Прилеп: Хари Павлов, Божидар Илиески, Теодор Тодески Сашко Манчески и Ѓорѓи Ерманоски. Како и тренерот Ице Соколески, кој е дел од стручниот штаб на Кирил Лазаров.

Во подготвителниот период пред настапот на EHF М19 Championship репрезентацијата ќе одигра и два дополнителни контролни натпревари против Црна Гора.

Претстојното EHF М19 Championship ќе се одржи во Скопје, Македонија во период од 09.08 до 15.08.2021 година. На EHF М19 Championship репрезентацијата на Македонија е дел од групата А заедно со репрезентациите на Грција и Полска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.