Во недела на 21 Октомври со почеток во 10,30 часот, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, најдобрите пингпонгарски екипи во Прилеп, ќе го одиграат петтото и шестото коло од првенството на Македонија во пинг-понг.
Покана до сите спортски љубители, да проследат атрактивни натпревари, меѓу кои и најголемото дерби во Македонија, помеѓу двете прилепски екипи Младост96 и Младост.
Градското дерби ќе биди особено интересно бидеќи и двете екипи оваа година атакуваат на шампионската титула.
Најмладата екипа во лигата – Александар Рикалоски, Андреј Лашкоски, Петар Костовски и Антонио Стомнарски, предводени од Гоце Тошески за ППК Младост-96, против искусната екипа на Младост предводена од Зоран Јованоски, каде настапуваат и Ѓоко Јочкоски, Петар Јованоски, Александар Штаргоски и странецот во екипата искусниот Љубиша Милошевиќ.