После Велигденските празнувања, прилепчани денес одново на протест против платформата од Тирана.
Иницијативата “За заедничка Македонија” и патриотските здруженија одново ги повикуваат сите граѓани да излезат на улиците и да го кренат гласот против обидот за рушење на унитарноста на државата и против формирање на влада која ќе работи на спроведување на платформи од туѓи држави.
Од иницијативата на својот Фејсбук профил најавуваат соопшување на важни информации и планови за наредниот период во петок.
Маршот “За заедничка Македонија” во Прилеп започнува во 19 часот пред хотелот “Липа”.