Прилепчани во голем број Новата година ја пречекаа на плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Од итната медицинска помош истакнаа дека ноќта поминала мирно и без инциденти. Градоначалникот им посака на прилепчани бериќетна и просперитетна 2016 година. За прекрасната атмосфера до полноќ се погрижија групата „Љубојна“, а по полноќ забава приредија Пикисипи од САФ и диџеј Димитри од Чаир. Во новодогишната ноќ прилепчани и покрај студеното време останаа на плоштадот до раните утрински часови.