Прилепчани, битолчани и крушевчани денеска учеа како да паркираат (Фото)

Денеска (07.09.2022), полициски службеници од СВР Битола заедно со Отсекот за превенција и полициските станици при ОВР Прилеп, ОВР Ресен, ОВР Крушево, ОВР Демир Хисар, ОВР Македонски Брод во централните градски подрачја спроведоа превентивна активност поврзана со погрешно паркирање на возила под мотото „Паркирај совесно – паркирај одговорно”.

За време на превентивната активност, меѓу другото, на неправилно паркираните возила беа поставени летоци со едукативна содржина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.