Прилепчаните растураат насекаде! Даноски одигра меч за секоја пофалба во Србија (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Радник Сурдулица и ОФК Бачка беше најинтересен во изминатото 21 коло од српската фудбалска Супер лига.

Дуелот во Сурдулица заврши со резултат 3:2, а главен актер во победата на тимот од средината на табелата беше прилепчанецот Зоран Даноски, кој го постигна одлучувачкиот погодок и забележа уште две асистенции.

На веб сајтот www.superliga.rs пишува дека Даноски бил незапирлив во продорите по левата страна, и тоа дека двата слободни удари за екипата на Радник биле досудени после фаул над него.

Поради сето тоа, прилепчанецот е избран за играч на колото во оваа натпреварувачка рунда.

Даноски во Сурудулица пристигна во летниот преоден рок од Победа, а досега има забележано 7 настапи за српскиот тим и има постигнато еден гол.

Тој веќе започнува да го наметнува својот квалитет, по кој беше препознатлив речиси секаде каде што настапуваше.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.