Репрезентативното лево крило Димитар Димитриоски е нов играч на ,,црвено – црните” откако пред неколку дена ги финализираше и деталите.
Димитриоски во Вардар доаѓа од редовите на Металург и ќе му биде поддршка на Дибиров на левата крилна позиција, кој остана ,,сам” по заминувањето од клубот на Недановски.
Димитриоски потекнува од Прилеп, а ракометната и спортската јавност го запозна низ настапите за Металург Јуниор и Металург. Веќе три сезони е член на првиот состав од Автокоманда, зад себе има запишано бројни натпревари од СЕХА лигата и Лигата на шампионите.
21-годишниот прилепчанец повеќе од пет години ги бранеше боите на клубот од Автокоманда. Прво настапуваше за Металург Јуниор, а три сезони беше дел од првиот тим на Металург, настапувајќи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.