Прилепчанец ја доби 13-то Ноемвриска награда за Спортски работник на годината (ФОТО)

Џудо федерацијата на Македонија со особена чест и гордост информира дека Сојузот на спортови на Скопје денес, по повод празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Град Скопје, ја додели 13 Ноемвриската награда за Спортски работник на годината на м-р Горан Мицкоски, стручен соработник во Џудо федерацијата на Македонија и член на организацискиот тим на федерацијата.

Мицкоски е прилепчанец кој живее и работи во Скопје. Важно е да се напомене дека тој е еден од основачите и прв тренер на ЏК Сеишин -Прилеп, а подоцна својата кариера ја продолжил во Скопје како стручен соработник во Џудо Федерацијата на Македонија и актуелен селектор на сениорска репрезентација на Македонија.

Ова признание претставува потврда за неговата исклучителна посветеност, професионализам и континуиран придонес во развојот и унапредувањето на македонското џудо. Во текот на изминатиот период, м-р Мицкоски даде значаен придонес во организацијата на повеќе меѓународни настани од највисок европски ранг, меѓу кои се:

-Европско првенство за кадети (26–29 јуни 2025)
-Џудо натпревари на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) (18–26 јули 2025)
-Европски јуниорски куп (1–3 август 2025)
-Меѓународен тренинг камп за јуниори и јуниорки (4–6 август 2025)
-Европски куп за сениори (19–21 септември 2025)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.