Прилепчанец трета година по ред во друштво на најголемите ракометни имиња: Соколески меѓу тренерите на кампот за голмани во Омиш

Во хрватскиот град Омиш и ова лето, по 15-ти пат се одржува кампот на ракометни голмани, а дел од истиот трета година по ред е Ице Соколески од Прилеп.

Македонскиот тренер на голмани Ице Соколески, кој е дел од шампионот Еурофарм Пелистер, оваа година ќе биде во друштво на: Примож Прошт, Харис Поробиќ, како и Дино Шпиранец и Драган Јерковиќ, кои работат во Магдебург и Рајн Некар Левен.

Кампот во Омиш оваа година ќе се одржи од 23 до 29 јуни, а задача на Соколески и останатите тренери, ќе биде да го пренесат знаењето и ракометните “тајни”, на голем број млади таленти од целиот свет.

Покрај гореспоменатите имиња, на кампот во Омиш учество ќе земат и голмани од најсилните екипи, како: Венсан Жерар, Маиса Песоа, пелистерецот Филип Ивиќ, Матеј Мандиќ, Виктор Гисли Халгримсон и др.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.