Прилепчанец со синовите нападнат од три лица, кои употребиле и дрвени предмети

Од полицискиот билтен на МВР:

-На 04.01.2025 во 16.40 часот во ОВР Прилеп Д.А.(55) од Прилеп, пријавил дека на ул.„Борис Кидрич“ во Прилеп бил физички нападнат од страна на непознато лице.

-На 04.01.2025 во 12.00 часот во ОВР Прилеп С.Р.(42) од Прилеп пријавил дека на ул.„Дабничка“ во Прилеп заедно со неговите синови биле физички нападнати од Р.Л. и уште две лица кои, притоа употребиле и дрвен предмет и им нанесле телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на двата настани – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.