Прилепчанец со “Кавасаки” излетал во непристапен терен на автопатот Скопје-Велес

На 04.09.2018 година околу 16.45 часот на автопат Скопје-Велес, мотоцикл „Кавасаки“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(43) од Прилеп, удрил во рабник и банкина и излетал од коловоз на непристапен терен.

Со асистенција на Противпожарната бригада-Скопје, М.А. бил извлечен и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.