На 08.03.2019 година во 12 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата „Сотка Ѓоргиоски“ патничко моторно возило „Голф“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Г.И.(44) од Прилеп, удрило во пешакот Ј.П.(82) од Прилеп-информираат од МВР.
Ј.П. се здобил со тешки телесни повPеди констатирани од страна на лекар од Градската болница во Прилеп.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.