-На 24.10.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Орде Тутески” во Прилеп, товарно возило „фолксваген крафтер” со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(38) од Скопје, удрило во пешакот Љ.П.(64) од Прилеп.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.