22-годишниот Мајкл Димески од Сиднеј Австралија, кој по потекло е од Прилеп растура на познатото американско шоу “World of dance” (Светот на танцот), чиј продуцент е Џенифер Лопез.
Во втората сезона на ова шоу кое станува се повеќе популарно, Димески со своите настапи ги воодушеви жирито, но и целата светска јавност која го следи ова шоу.
Мајкл Димески покажа неверојатен перформанс, со одлични движења, а според жирито изгледаше како да танцува во вода.
Прилепчанецот од Сиднеј претходно победи на четвртата сезона од австралиското танц шоу ““So You Think You Can Dance” .
Во продолжение уживајте во дел од неговите настапи: