Вчера во во 11,00 часот во Полициската станица Прилеп,31- годишниот Ф.И пријавил дека пред околу 30 дена на интернет страна „mobile.de“ (страна од Р.Германија на која се поставуваат разни огласи) забележал оглас на кој се продавало работно возило-бетон пумпа „Mercedes Benz Actors“, на кој имало и податоци за лицето за контакт Р.Б. и бил оставен контакт телефон и меил адреса.
Пријавителот остварил контакт со лицето Р.Б. кој се претставил како овластено лице на правното лице „MK EXKLUSIVE Gmbh“ од Р.Германија, во чија сопственост било возилото за продажба и преку меил му испратил податоци за возилото односно примерок од сообраќајна дозвола.
На 19.04.2018 година пријавителот уплатил 9.000 евра и податоците од уплатата ги доставил преку интернет пошта на пријавеното лице и се договориле на 26.04.2018 година да остварат средба во Р.Германија. Пред договорената средба, пријавениот побарал дополнителни 10% од висината на продажната цена на возилото, со образложение дека за возилото имало заинтересирани купувачи кои нуделе повисока цена. Пријавителот не се согласил и побарал да му бидат рефундирани претходно уплатените парични средства.
На 26.04.2018 година пријавителот се обидел да оствари контакт со лицето Р.Б. меѓутоа на посочената адреса не постоело правно лице. Оштетениот настанот го пријавил и на германските полициски служби.