Прилепчанец по втор пат и пpecyди на Победа во дуелите со комшијата Тиквеш

Фудбалерите на Победа го претрпеа и седмиот првенствен пораз во Првата лига. Попладнево во Кавадарци црвено-белите вторпат сезонава загубија од Тиквеш со идентичен резултат 0-1, полувреме 0-1.

Беше натпревар без ниту една изгледна шанса за гол. Се играше меѓу двата 16-тника со многу чести прекршоци, кои по некој посебен критериум беа санкционирани од главниот судија, кој имаше иритирачки критериум.

Мечот го продолжи 6 минути, иако само во последните 5 имаше 2 прекини без ефективна игра (Тодоров на носилки беше изнесен од теренот по старт на противнички играч кој не ни доби картон), а извршени беа 7 замени во 6 термини, а толерираше преголемо задржување на време на домаќинот и не досуди евидентен фаул врз Мазари на 16 метри во 83-тата минута.

Комшиското дерби беше одлучено во 37-та минута, кога кратко вратената топка од Бошески кон Тофилоски, во мрежата на Победа ја смести довчерашниот капитен на Победа, Даниел Карчески, кој беше асистент за Тиквеш и во првиот натпревар сезонава.

Победа во поголем дел од мечот беше поактивна, со поголем посед, но без посериозни прилики пред домашниот гол. Во два наврати домашниот голман Димовски, со пад во нозе спасуваше опасност по својот гол пред Мазари и Спиркоски.

Посебна сенка на мечот фрли забраната, или неможноста – сеедно под изговор за немање безбедносни услови (оти се градела трибина на стадионот во Кавадарци на која немало ограда), и затоа не се излезе во пресрет на барањето на Победа и желбата на прилепските навивачи „Мајмуни“ да патуваат за Кавадарци и да го бодрат својот клуб – а такво нешто Победа дозволи за мечот од 2-то коло во Прилеп, кога на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ имаше кавадаречки навивачи-кои патем запалија „бакљи“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.