Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари кои ќе бидат во конкуренција за настап на ЕП 2026. Лазаров ќе смета на 21 ракометар за време на подготовките, а најмалку 18 од нив ќе патуваат за Хернинг.
Иако е прв стрелец со 122 погодоци постигнати во 18 натпревари, капитенот на РК Прилеп, Димитар Димитриоски, не се најде на поширокиот список на селекторот Лазаров, иако претходно беше во поширокиот список на ракометари.
Димитриоски сезонава од Шпанија се врати во Прилеп, каде е лидер на тимот и најзаслужен што прилепчани се’ уште можат да се надеваат на плеј-офф сезонава. Капитенот на РК Прилеп има дури и највисок процент на реализација од 81%.
Димитар често постигнува и по 10, 11, 12… погодоци на еден натпревар, и веројатно повторно “не заслужи” да го облече националниот дрес.
Maкедонија ќе ги започне подготовките на 22 декември, потоа заминува за Пореч каде на 28 декември е првиот пријателски натпревар против Хрватска. По Нова Година, репрезентацијата ќе биде дел од „Жолт Куп“ од 8 до 10 јануари во швјацарскиот град Винтертур, каде ќе тестира против домаќинот, Бахреин и Украина.


























