Прилепчанец победи на шоуто “Никогаш не е доцна”, наградата му ја врачи Калиопи

Со над 6.000 освоени смс-гласови, македонскиот натпреварувач Сашо Башески вечерва победи во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Талентираниот прилепчанец со месеци важеше за фаворит, остави голем впечаток кај публиката ширум Балканот и заслужено се најде во завршницата.

„Не’ направи многу горди. Многу сум среќна. Ти благодарам што не’ потсети на едно убаво време кога се пееше не само со грло, туку и со емоции“, му порача нашата Калиопи која му ја врачи наградата.

Сашо ѝ се заблагодари и кажа дека ова ни на сон не го очекувал.

„Сакам да им се заблагодарам на сите, на продукцијата, на овие мои колеги во шоуто кои пред се’ се добри луѓе. Ова нема никогаш да го заборавам“, рече тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.