Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” (“Не се грижи, биди Охрид!”) од 10 до 14 октомври во Охрид, со над 300 учесници, се одржа четвртиот меѓународен гастрономски натпревар „ГастроМак 2019“.
На „ГастроМак 2019“ присуствуваа над 300 учесници – натпреварувачи од 30 земји – Азербејџан, Русија, Кореја, Италија, Франција, Украина, Турција, Албанија, Србија, Хрватска…, потоа – над 90 лиценцирани судии на ВАЦС, гастрономски амбасадори и почесни гости од сите краишта на планетата.
Меѓу учесниците беше и прилепчанецот Влатко Митрески кој успеа да се закити со два златни и еден бронзен медал.
Влатко има 20 години и работи како готвач во компанијата “Витаминка”. Со кулинарство се занимава од пред 5 години, а овие успеси само го докажаа неговиот талент и умешност.
Од „ГастроМак“ информираа дека натпреварот е логистички поддржан од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни (ВАЦС), организација што обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот.