Прилепчанец “олеснет” за 175.000 денари

-На 27.01.2025 во 10.40 часот во ОВР Прилеп, 61 – годишен маж од Прилеп пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 175.000 денари.

Според пријавеното, во периодот од средината на август 2024 година до 24.09.2024 контактирал со лицето кое го довело до заблуда дека ќе инвестира во криптовалути, при што бил наведен на неговиот мобилен телефон да инсталира мобилна апликација за која мислел дека служи за купување на криптовалути.

Како што е пријавено, преку апликацијата лицето пристапило во неговиот мобилен телефон и аплицирали за добивање на кредит од финансиско друштво, кој му бил пуштен на неговата трансакциска сметка, од каде пак лицето ги повлекло парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.