Прилепчанец неовластено влегувал во компјутерскиот систем на фирма и пренесувал документи до друга фирма

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ж.Г.(51) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и ,,оддавање и неовластено прибавување деловна тајна“ – информираат од МВР.

Во периодот од јули 2018 до август 2018 година пријавениот, по завршувањето на работниот однос во правно лице од Прилеп, како администратор на компјутерскиот систем, искористувајќи ја приликата што наведеното правно лице не презело активности за промена на корисничките имиња и пасворди за пристап кон компјутерскиот систем, континуирано, од неговиот персонален компјутер, користејќи програма за мрежно поврзување и контролирање на друг компјутер, неовластено пристапувал кон компјутерскиот систем на правното лице, при што во повеќе наврати времено го оневозможил користењето и употребата на компјутерскиот систем.

При тоа, пријавениот ја следел деловната коресподенција на вработените и прибавувал класифицирани документи во електронска форма, кои потоа преку електронска пошта, ги праќал до сопственикот на друго правно лице од Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.