Дваесет и двегодишниот Мајкл Дамески, Македонец по потекло од Прилеп кој живее во Австралија, во петокот стигна до финалето во познатото американско шоу „World of Dance 2018“. Жирито, во кое е член е и светската ѕвезда Џенифер Лопез, која и овојпат остана без зборови пред изведбата на талентираниот Дамески.
Наградата за победникот на ова шоу изнесува еден милион долари, а Дамески е само на чекор од неа.
Мајкл Дамески е роден на 7-ми ноември 1995 година во Сиднеј од родители Македонци, татко Пеце и мајка Неда Дамески. Уште од рана возраст на шест години учествува во натпревари за танцување без да посетува часови за тоа и се пласира во првите места.
Набргу го запишуваат на часови по танцување во школата за танцување на „Гленда Ји“, а од таму заминува во „Брент Студио“.
Дамески во 2008 година има учествувано и на „Златно Славејче“ со песната „Еден Танц“. Мајкл последниве три годни живее во Лос Анџелес, Калифорнија.