Прилепчанец нападнат во ноќен клуб, друг среде бел ден на улица

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

-На 16.12.2023 во 03.20 часот во ОВР Прилеп, Б.О.(44) од Прилеп пријавила дека пред ноќен клуб во Прилеп нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување на објектот.

-На 15.12.2023 во 14.30 часот во ОВР Прилеп, С.Ј.(29) од Прилеп пријавил дека на ул.„Борис Кидрич” бил физички нападнат од Е.А. и Е.А.

-На 16.12.2023 во 00.45 часот, полициските службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода Б.Г. затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе му биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.