Прилепчанец купил лозови, па ги изгребал после две недели и доби BMW X1 (Фото)

Инстант лоатријата Мини и Макси и понатаму продолжува да радува играчи со нови автомобили. Најновиот добитник на автомобил BMW X1 е Игор Стојчески од Прилеп.

Во салонот на М-Кар клучевите од својот нов автомобил ги доби од Марјана Станојковска и тимот на Државна лотарија.

Игор е верен играч на инстант лотаријата и за тоа за секоја пригода не пропушта да додели и Среќа Плус на своите најблиски. Патувајќи во Виница на свадбена свеченост, решил да ги израдува младоженците со пакет инстант лозови Мини и Макси.

При тоа од продажното место во Виница ВИ ВАРДАР купил 8 лоза за младоженците и два лоза за себе. Своите лозови ги оставил во џебот на палтото и заминал на свадбата. Дури после две седмици му текнало дека во џебот му останале лозовите не изгребани, а веднаш потоа следело и изненадувањето со трите симболи на BMW X1 кои му го донесоа новиот автомобил.

За потсетување, инстант лотаријата Мини и Макси нуди многу парични добивки, 5 автомобили Mini One и 10 автомобили BMW X1. Не пропуштајте ја шансата за Мини инвестиција да дојдете до Макси добивка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.