Прилепчанец кој нема пропуштено ден од постоењето на “Пивофест” jа коментира изјавата на Влатко Стефановски

Прилепчанец кој нема пропуштено ниту еден ден од постоењето на “Пивофест” ја коментира изјавата на Влатко Стефановски дека овогодишниот фестивал на скарата и пивото бил најдобро организиран.

Звонко Димоски е патриот со големо срце. Лик позитивен, лик кој не постои човек што не го познава во Прилеп. Човек богат со многу искрени пријателства и човек кој е желен секому да помогне. Луѓето кои го познаваат знаат зошто! Еве како тој го прокоментира штотуку завршениот “Пивофест” во Прилеп:

“Нешто и околу манифестацијата Пиво фест Прилеп..

За да напишам нешто за Пиво фестот ме натера јавната изјава на среде концерт во саботата на Влатко Стефаноски дека ова пази богати бил: “најдобро организираниот пиво фест до сега”!!?
Значи вака: Оваа изјава Влатко да ја дадеше дома во семејството немаше да му се замери.. или да ја дадеше пред луѓе кои два три пати присуствувале на истиот..

Но тој ја даде без око да му трепни пред луѓе кои сме присутни на пиво фестот од првиот ден од неговото отворање и кои бевме сведоци како секоја година расте и расте во една огромна манифестација која стана позната ширум светот и на која на балканските звезди им беше чест и гордост да бидат повикани да пеат тука..

Секоја година во Прилеп се бараше место повеќе по хотелите само за да се биде присутен тука.. Нашите иселеници ги врзуваа своите посети на Македонија со пиво фестот каде мораа да бидат присутни а тој само растеше и растеше секоја година.. А за да расте требаше некој и да се погрижи за тоа..

Тука некој сакал да признае или не најголемите заслуги одат кај бившиот градоначалник Марјан Ристески и неговата екипа од општината која и денес е присутна таму но некои не сакаа да го искористат нивното знаење и искуство за да им пружат 4 дневно задоволство на своите сограѓани и гости од Македонија и странство..

Е сите тие пиво фестови мој Влатко Стефановски кои беа организирани од таа екипа беа најдобри, беа кој од кој подобар.. едноставно не можеше да се издвои кој е подобар.. Секој нареден беше подобар од претходниот.. Луѓето доаѓаа да се забавуваат, да се напијат и да каснат вкусно месо и воопшто не беа оптеретени дека додека се забавуваат некој им ја растура државата..

Драг мој Влатко годинашниот пиво фест беше се само НЕ најдобар.. Немаше редици од луѓе кои чекаат по пола саат за да купат пиво, имаше само два ипол штандови но и тие не го продадоа своето пиво..

Саботата и Неделата кога доаѓале колони од возила кон Прилеп овој пат останаа празни.. Ги немаше редиците кои чекаат пиво.. едноставно ја немаше онаа радост во воздухот кога пиво фестот се одржуваше во државата Република Македонија…

И за на крај моја препорака до сегашниот градоначалник: Ако даде Господ да организира и до година пиво фест нека си ја повика екипата на Марјан Ристески да му го организира или пак нека им плати за да му одржат неколку курсеви на оние од неговиот тим, оти ако вака ја терате ќе ја уништите манифестацијата како што ја уништивте и државата..
п.с. Во прилог се фотографии од мојата архива како треба да изгледа најдобар пиво фест!!!

#ПрилепВЕЧЕН
#МакедонијаВЕЧНА”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.