М-р Димески Димитар од Прилеп, е автор на новиот учебник за седмо одделение по Историја. Димески во 2021 година доби златник од УКИМ за најдобро дипломиран студент на Филозофскиот факултет во генерацијата 2019/2020, а минатата година успешно го одбрани и магистерскиот труд.
-Да се пишуваат материјали за учење, кои треба да ги користат илјадници ученици низ целата држава е огромна чест и привилегија, но и огромна одговорност. Ми претставуваше особено задоволство што можев да помогнам во изработката на тие материјали, со кои сметам дека поставивме нови стандарди во подготовката на учебни помагала за учениците. Децата се иднината на државата и македонската нација и затоа кон нивното образование треба да се пристапи со најголема одговорност – напиша Димески за учебникот по кој ќе учат сите седмоодделенци во Македонија.