Прилепчанец кој бил ангажиpaн како овчap, пpoнajден мpтов

65-годишен прилепчанец кој бил ангажиран како овчар прнајден е мртов . Во СВР Велес од Итна медицинска помош синоќа во 20:45 часот било пријавено дека во велешката населба Превалец починал 65-годишниот Д.М. од Прилеп, кој бил ангажиран како овчар.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, информира денеска Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

–Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Велес и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција,соопштил Самарџиев, информираат од Курир.мк




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.