Прилепчанец и’ го донесе првиот медал од Европско првенство во билијард на Македонија

Прилепчанецот Владимир Ѓорѓиески имаше историски настап за Македонија на Европското првенство во билијард, кое се одржа во Подчетртек, Словенија.

Ѓорѓиески кој настапи во категорија на инвалиди во количка, во дисциплината 8-ка стигна до третото место, што е прв медал за нашата држава од ваквите натпреварувања.

На истото натпреварување во машка сениорска конкуренција, Македонија ја претставуваше Христо Василевски, актуелниот македонски шампион во сениорска конкуренција, кој издвојува победи против неколку солидни противници, но не успеа да стигне до разигрувањата за медали.

Резултатите на нашиот Владимир можете да ги погледнете ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.