На магистралниот пат Охрид-Кичево, вчера во 8:20 часот во близина на местото викано „Разделна“, се случила сообраќајна незгода во која 58-годишниот Н.Д. од Прилеп, управувајќи товарно моторно возило „Фургон“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во незгодата Н.Д. се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, а по укажаната лекарска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот.