На 03.11.2018 година во 16.30 часот во Полициската станица Прилеп, С.Б.(39) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот на улица „Тризла“ во Прилеп тој, неговиот брат С.Б.(41) и нивниот братучед А.О. физички биле нападнати од неколку непознати лица по расправија во врска со разминување на улицата.
С.Б.(41) бил пренесен во Градската болница „Борка Талески“-Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.