Од 7 до 12 септември 2025 година, во професионалниот тренинг центар за итен одговор во Монтана се одржува една од најголемите и најкомплексни светски вежби за справување со итни ситуации, организирана од НАТО и Бугарија.
На вежбата учествуваат околу 1200 претставници од повеќе од 40 земји и организации. Настанот има за цел размена на знаења, искуства и добри практики во управувањето со кризи.
Програмата опфаќа повеќе сценарија, меѓу кои:
-
Урбано пребарување и спасување од урнатини
-
Пребарување и спасување во води
-
Итни медицински тимови (ЕМТ)
-
Хемиска, биолошка, радиолошка и нуклеарна заштита (CBRN)
-
Заштита на културното наследство
Дел од вежбата на НАТО е и прилепчанецот Дарко Неданоски, еден од најдобрите спасувачи кои ги има Македонија во моментов. Неданоски е дал од Тимот за урбано и рурално пребарување и спасување на Републичкиот тим за брз одговор, кој функционира при Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Овој тим веќе безброј пати се има докажано во реални ситуации, спасувајќи голем број животи во разни животозагрозувачки ситуации.