Прилепчанецот Борис Мирчески 2,5 месеци живее со отворена рана на ногата. Поради тоа стапалото комплетно му поцрнело. Во станот од ногата се шири неподнослива миризба. Поради тоа што е неподвижен физиолошките потреби ги извршува во креветот што дополнително придонесува за страшните нехигиенски услови во кои живее. Со него живее и синот Александар. Ниту Александар ниту татко му не знаат зошто и како тој ја добил гангрена на ногата. Александар незнае зошто лекарите дозволиле ситуацијата толку да се искомплицира – oбјави порталот “Инфокомпас”
Извор: “infokompas.com.mk”