Прилепчанец го држи најнепопуларниот рекорд

Истражувањата на РСПСБ покажуваат дека најголем број од сообраќајните незгоди, во кои учествуваат пијани возачи, завршуваат со сериозни и фатални последици. Најголем број од возачите, кои возеле под дејство на алкохол, патувале на кратко растојание до 20 километри.

Во Македонија рекордот за возење под дејство на алкохол се уште го држи прилепчанецот Ѓ.М. Поставен е пред 7 години, во 2011г. кога прилепчанецот во полицискиот дрегер „дувнал“ неверојатни 4,83 промили алкохол.

Во светски рамки, се верува дека најмногу пјат Русите, но рекордот го држи Полјак. Неговиот се уште ненадминат светски рекорд датира од 2014 година и изнесува 12,3 промили алкохол.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.