Тренерот на голманите во македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, како и на голманите во ракометната репрезентација, прилепчанецот Ице Соколески, е во Омиш, Хрватска, каде учествува како ментор на кампот за ракометни голмани.
Кампот се одржува по 13-ти пат, а Соколески е таму во друштво на големи ракометни имиња како голманите Андреас Вулф и Филип Ивиќ, и членовите на тренерскиот штаб на кампот, Харис Поробиќ, Примож Прости Дино Шпиранец.
Соколески веќе неколку години е дел од стручниот штаб на битолчани, а со неговата работа и ангажираност, со сигурност даде голем придонес во освојувањето на шампионската титула во македонската Супер лига.