Од 10.06 до 16.06.2025 во Њујорк, САД, се одржа престижното финале на „NEO Science Olympiad“ – меѓународен натпревар – Олимпијада, на кој учествуваат најпосветените натпреварувачи од целиот свет и надежни идни научници.
На овој голем светски натпревар по знаење, Прилеп имаше свој преставник кој дома се враќа со ЗЛАТЕН МЕДАЛ. Станува збор за гимназијалецот Георги Николоски, кој по којзнае кој пат покажа дека е огромен талент на кој треба сите како општество да се гордееме.
-Оваа година на овој настан зедоа учество повеќе од 550 натпреварувачи во повеќе категории. Особено значаен е фактот што јас ја имав шансата да учествувам и да ја претставувам Македонија во најдобро светло. Имено, во мојата категорија – природни науки (тест кој се состои со проблеми од областа на физиката, хемијата и биологијата), јас го освоив ПРВОТО место, закитувајќи се со златен медал. Помеѓу повеќе од 30 земји учеснички од целиот свет, и само еден и единствен натпреварувач од Македонија, на овој настан се докажа дека Македонија ѝ припаѓа на светската сцена и Македонија може да биде прва – напиша на својот ФБ профил ученикот од прилепската гимназија “Мирче Ацев”.
Георги упати благодарност до сите компании, организации и општина Прилеп, кои го поддржаа неговото патување во САД и без чија поддршка овој успех не би се случил:
-Оваа авантура беше остварена со огромната поддршка од страна на моите роднини, пријатели и пред се – родители. Дополнително сакам да им упатам едно масивно благодарам на општествено одговорните компании кои ме подджаа во овој подвиг и докажаа дека се сериозни околу развојот на нашето општество! Уште еднаш ви благодарам на:
ГенТерм (Gentherm, Gentherm-Prilep) – докажан глобален лидер во областа на автомобилската индустрија и долгогодишно реноме во Македонија;
Витаминка (Vitaminka) – со својот најпрепознатлив широк свет на вкусови, највпечатливи производи и врвни чоколади;
Фондација д-р Пановски – пример за успешност во фармацевската индустрија и пример за компанија која несебично поддржува стручен развој;
Пекара Антомос (Antomos, Antonio Grncheski) – дефиниција за врвен квалитет и најпосебен асортиман на пекарски производи;
Фондација Заев (Zoran Zaev) – претставителна компанија која е мотив за промовирање во странство и поттик на младите таленти;
Општина Прилеп (Општина Прилеп) – која уште еднаш ја покажува својата одлучност за развој на нашето општество и помош на учениците и студентите.
Нам ни останува да му честитаме за огромниот успех, да му посакаме уште многу медали и признанија во иднина и постојано да не’ прави горди како град и како нација.