Третопласираната екипа во Суперлигата, Еурофарм Работник од Битола го осигура и третото големо засилување за следната сезона. По Ѓукиќ и Никола Маркоски, нов член на битолскиот клуб е Благојче Трајковски. Искусниот 31-годишниот голман потекнува од школата на Тутунски комбинат, а во Еурофарм Работник доаѓа од Охрид – информираат од клубот.
Трајковски е искусен голман кој го бранеше голот на македонската репрезентација на Светското првенство во Франција, кога селектор беше Лино Червар.
Трајковски потпиша договор на една сезона и треба да претставува големо засилување меѓу стативите. Клубот најавува уште неколку нови имиња како тимот би бил покомпетитивен за следната сезона, кога покрај Суперлигата и Купот на Македонија, ќе настапува и во европските купови.