Прилепчанецот ЧОРБЕ ќе го облече дресот на македонската репрезентација?

26-годишниот Андреј Тодороски е роден во Прилеп. Веќе втора сезона има одлични настапи за српси ТСЦ, а тоа што го спречува да игра за Македонија е неговото австриско државјанство. Имено, Австријците не дозволуваат – двојно државјанство.

Сепак, Тодороски во изјава за српските медиуми, најави дека има можност да заигра за Македонија.

„Бев во контакт со некои луѓе во македонскиот фудбал. Во иднина можеби ќе има добри вести, а тие се – да заиграм за Македонија“, најави Тодороски во изјава за српски медиуми.

Инаку, Тодороски изминатиот викенд МАЈСТОРСКИ ПОГОДИ во шампионатот на Србија, а неговиот погодок може да го поглeднете во коментр




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.