Прилепчанецот Чорбе со еврогол во српската лига (ВИДЕО)

Андреј Тодороски го обележа натпреварот во Заечар од 20. коло во фудбалската Суперлига на Србија, во кој токму тој го постигна единствениот гол со кој гостите ТСЦ од Бачка Паланка го совладаа ОФК Београд.

Македонското десно крило во 34. минута го лобуваше домашниот голман Балша Поповиќ, и тоа со грбот свртен кон голот, потег кој коментаторот на Арена го нарече „мангупски“.

За 26-годишниот прилепчанец со прекар Чорбе ова е трет погодок во 16. првенствен настап за ТСЦ сезонава, кој му го донесе признанието за играч на натпреварот со оценка 8,2.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.