Во преостанатите часови од 2018 година се потсетуваме на сите личности од Прилеп чии стории, достигнувања и дела ја одбележаа оваа година. Тие се нашите херои, а нивната приказна, спортски подвизи, случки од минатото и дела… ја oсвоија нашата публика. Ова се ликовите кои заслужуваат уште многу да се зборува за нив, нивните животни стории да бидат пример, а нивните успеси и подвизи да бидат мотив.
Еден од настаните кои ја одбележаа 2018 година, а со сигурност ќе се памети уште долго е случката од февруари месец, кога прилепчанец од сигурна смрт го спаси својот колега.
23-годишниот Д.Р. од Прилеп на 06.02.2018, 20 минути се бореше со водата во канал за наводнување за да го спаси својот 59-годишен колега Л.М. од Неготино, кој претходно при трасирање на гасовод, во атарот на село Шивец, паднал во отворениот канал и почнал да се дави.
-Вршеле трасирање на гасоводот во атарот на селото Шивец, во близина на топилница „Фени индустри“, при што Л.М. паднал во водите на отворениот канал за наводнување и почнал да се дави. Во водите скокнал Д.Р. за да го спаси и по дваесетминутна борба со водата двајцата успеале да излезат од каналот, изјави тогаш Верољуб Додевски портпаролот на СВР Велес.
Иако неговиот идентитет остана непознат за јавноста, ова момче ќе биде запомнет за современ македонски херој, кој докажа дека големината на човечкото срце и пожртвуваноста, можат да надминат и планина.
Секоја чест за овој наш сограѓанин, неговото дело долго ќе живее!