Прилепчанецот се шегува со Манчестер Јунајтед: Арсенал ги победи? Сега можеме дури и ние… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го најави натпреварот меѓу Арсенал и Лидс Јунајтед во рамки на ФА Купот и воедно испрати мала провокација до Манчестер Јунајтед, тим кој игра во лоша форма.

„Ѓаволите“ во последното премиерлигашко коло загубија од Арсенал, следниот ривал на Лидс, а на новинарско прашање дали го гледал натпреварот Алиоски одговори потврдно и потенцира дека дури и Лидс може да го победи Јунајтед оваа сезона.

„Не чека натпревар на еден убав стадион, со голем клуб, но не е специјално да одимет аму затоа што ако Лидс влезе во Премиер лигата и ние ќе сме голем клуб. Убаво ќе биде ако покажеме кој е Лидс, имаме добра шанса да видиме до каде сме. Го гледав мечот меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, Арсенал го победи Јунајтед, но противникот беше толку слаб, мислам дека можеме да го победиме и ние оваа сезона. Секогаш има изненадувања во Купот, се надеваме дека ќе го направиме“, изјави Алиоски.

Натпреварот меѓу Арсенал и Лидс Јунајтед се игра в понеделник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.